ПОТРЕСНА ЖЕНСКА ИСПОВЕД: „Никој не ми веруваше дека ме силуваше жена!“

Најстарите приказни за силувања подразбираат маж кој напаѓа жена, но тоа не е единствен вид на сексуален напад: жени силуваат мажи , мажи силуваат мажи, но и жени силуваат жени. Но, со оглед на тоа дека таквите напади се многу ретки, на жртвите обично не им се верува.Непозната писателка на страната  xoJane објавила приказна за вечерта кога била силувана. Таа била силувана од жена.
Опишала како другата жена ја нападнала на забава и како нејзиното семејство, пријателите, дури и психотерапевтот не ѝ верувале.
Жената била нападната во декември 2013 година на забава каде што имало уште шест жени кои се познавале меѓусебно или биле „пријателка на пријателка“.
Кога жената со која имала заедничка пријателка ѝ пришла, немала потреба да се чувствува загрозено. Дури и кога ја прашувала за љубовниот живот, писателката се чувствувала пријатно и ѝ раскажала на жената за своите брачни проблеми и недостаток на секс.
Тогаш работите кренале во погрешен правец.
„Ме погледна со желба во очите и ми рече:’Но ти си толку секси. Заслужуваш  да се сексаш’“, се присетува писателката.
Иако претпоставила дека другата жена сака само да ја утеши, тој момент сепак бил непријатен. Одлучила повеќе да не пие бидејќи почувствувала дека мора да биде подготвена.
Тогаш жената под изговор дека не се чувствува добро ја намамила во тоалетот, ја заклучила вратата и ѝ ја турнала главата во лабвото. Насилно и ги соблекла гаќичките, а жртвата почнала да вреса, па напаѓачката ѝ ја ставила раката преку уста, оневозможувајќи ѝ го дишењето.
За среќа, останатите жени забележале дека ги нема и тргнале да ги бараат. Напаѓачката се испаничила и избегала.
Преплашената жена била во потполн шок. Раскажала што ѝ се случило. До тогаш напаѓачката плачела и се обидувала да објасни што се случило. Домаќинката  само ѝ кажала на нападнатата жена дека може да спие во нејзиниот кревет, а другата ја замолила да оди.

 
Следниот ден жените се однесувале како ништо да не се случило. Кога се вратила дома, жртвата на фејсбук нашла пораки од жената која ја нападнала. Барала прилика да ѝ објасни што се случило и предложил да се најдат.
Но, таа не била единствена која ги намалувала настаните што се случиле. „Никој повеќе не го спомна тоа, што страшно ме налути“, напишала жртвата. Најмногу ја повредило кога случајно се сретнала со една од жените од забавата, а таа се правела дека не ја познава.
И додека тие заборавиле на инцидентот, авторката, за жал, не можела. Нејзината траума се почувствувала во сите аспекти од нејзиниот живот. Наскоро се развела од сопругот, се затрупала во работа, а во теретана поминувала 20 часа неделно и качила 9 килограми мускулна маса за да може следниот пат да се одбрани кога ќе биде нападната.
Најмногу ја повредило неразбирањето од околината.
„Сексуален напад на жена врз жена ретко се споменува, а жртвите често се отфрлени како лажливки или жени чие лезбејско експериментирање тргнало по погреен пат, како што ме обвинија мене. Злоставувана сум и од маж и од жена и двете искуства се еднакво застрашувачки. Но, кога мажот ме нападна, добив многу поголема поддршка“, заклучила несреќната жена.Непозната писателка на страната  xoJane објавила приказна за вечерта кога била силувана. Таа била силувана од жена.
Опишала како друга

Пронајдете не на следниве мрежи: