Потресно писмо на една мајка која се збогува со својата малечка ќерка

Таа се прости со својата ќерка кога на нејзината официјална Фејсбук страница осамна статусот “Нашиот ангел доби крилја…”.
Петгодишното девојче од Хрватска за кое целиот Балкан донираше средства за таа да може да се оперира во Америка, го загуби животот, а трагедијата го потресе целиот Балкан.
Нејзината мајка, Џана Шитум, се обрати кон сите оние кои донираа и дадоа поддршка малата Нора да биде здрава и да се излекува, но за жал, таа реши да се одмори од борбата и да го напушти овој убав свет:
„Драги пријатели, вечерва во 00:20 или во 05:20 часот по хрватско време, нашиот страшен лав одлучи да ги склопи очите и да се одмори. И беше доста и и беше премногу. Штом неа и беше доста, тогаш знаете дека навистина било ДОСТА. Таа отиде таму каде што ништо не боли, каде што никој нема да ја боцка и каде што нема ниту леукемија, ниту страдање. Бевме со неа до последниот момент. Отиде многу мирно и спокојно, прекрасна како и секогаш. Со долгите трепки и најслатките мачкини образи… исто како да спие. Затоа што таа само сакаше конечно да легне и да заспие, покрај своите тато и мама, никој друг да не ни пречи. Особено не некои доктори со игли и таблети. Таму некаде танцува мојата принцеза, среќна и слободна! Не чува и гледа! Не научи што е љубов! Ни го промени животот. Нема да биде лесно без неа, но всушност таа секогаш ќе биде тука… Имам една рана на срцето која боли многу. Но секогаш кога ќе ме заболи, се потсетувам кој е внатре. Како пред шест години, кога ме клоцаше во стомакот. Ве сакаме и ви благодариме на бескрајната и несебичната поддршка во текот на целиот овој период! Нора во срцето! 🙂 П.С. Се надевам дека небото е доволно големо за нејзината енергија и хиперактивност. Таа тука немаше доволно простор! :)”.
Малата Нора Шитум го загуби животот по три недели борба со акутна лимфобластична леукемија во Филаделфија.Таа се прости со својата ќерка кога на нејзината официјална Фејсбук страница осамна статусот “Нашиот ангел доби крилја

Пронајдете не на следниве мрежи: