Потресно писмо на закланата Милица: Сакав човек кого ниту една жена не би го издржала

Небојша Павловиќ Буца (61), на славата Ѓурѓиц, пред куќата полна со гости ја заклал сопругата Милица, која со децении ја понижувал и малтретирал.Со касапски нож Небојша ѝ направил рез на вратот на Милица, а од обилното крварење таа починала пред да стигне до болница.
По трагичниот настан, меѓу работите на Милица пронајден е личен дневник во кој напишала писмо упатено до сите злоставувани жени. Како да претчуствувала што ќе ѝ се случи.
Го пренесуваме во целост:
„Совет до сите жени кои трпат насилство бидејќи тоа го зборувам од искуство“
Книга на исповед и покајание на една напатена жена. Се вљубив на прв поглед во човек кој ниту една жена не би можела да го издржи. Од првиот ден од бракот тој пиеше и беше многу насилен. Ја тепаше мајка му, исто така и јас добивав ќотек. Сег имам 60 години и сама се прашувам како уште сум жива. Додека ме тепа, не смеам да прашам зошто ме тепа. Неговата мајка ме моли да одам, ако таа мора да трпи не морам да трпам и јас.
Бев млада и секогаш се надевав дека ќе дојде подобро време. Верувале или не, никогаш не дојде.
Затоа го пишувам ова за да си ја олеснам душата и да им дадм совет на жените дека нема подобро утро кај такви луѓе“, напишала очајната Милица.Со касапски нож Небојша ѝ

Пронајдете не на следниве мрежи: