Јелена била под контрола на Зоран Марјановиќ. Тој бирал што ќе облече, кои лекови ќе ги пие, колку ќе тренира.Сакал целосно да управува со секој сегмент од нејзиниот живот, а посебно – со нејзината кариера.
Вака раскажуваат пријателите на пејачката Јелена Марјановиќ која е убиена на 2. април 2016 година на насипот во Црвенка, а убиецот и до ден денес не е познат. Нејзиниот сопруг е во притвор од 15 септември под сомнение дека има врска со мистериозната смрт на својата сопруга, која е убиена со 9 крвнички удари во глава.
Нејзините пријатели велат дека сите жалби на Јелена делувале вообичаено додека не била пронајдена мртва, а потоа година дена потоа и сопругот и е уапсен.
Како што велат, во нивните глави тогаш почнало да се одмотува клопчето.
-Јеца криеше од Зоран дека пуши цигари. Тој водеше сметка за секој сегмент од нејзиниот живот, и бираше и облека која ќе ја носи на снимање, до тоа дали користела мелем за да го зачува грлото, односно гласот. Поради тоа и беше забрането да пуши. И тоа тогаш не делуваше толку чудно, но таа негова контрола сега изгледа потполно поинаку, велат нејзините пријатели.
Посебно ги плаши тоа што, нивната Јелена била со премногу обврски – Марјановиќи, Зоран, Владимир но и целото семејство постојано и наметнувале обврски и никогаш не можела да биде слободна.Сакал целосно да управува со секој сегмент од нејзиниот живот, а посебно – со нејзината кариера.
Вака раскажуваат пријателите на пејачката