Потресно сведоштво на бабата на загинатиот Милош од Србија: „Лута сум на мојот Милош, бабино око плаво“…

Нада Томиќ од Србија, бабата на настраданиот Милош Томиќ (25) кој заедно  со Александар Јовановиќ (20) загинаа во сообраќајна несреќа, откако изгоре БМВ-то на ибарската магистрала,  раскажува  што претходело на трагедијата. Лута сум на мојот Милош, бабино око плаво. Пред да тргне во град ми рече – „Бабо чекај ме, брзо ќе дојдам“. И еве дочекав на баба единецот да се врати во ковчег. 
Бабата на Милош ја продолжува својата приказна.
– Милош минатиот петок се подготвуваше да оди кај својата девојка Јелена. Долго се дотеруваше, и кога конечно излезе од тоалетот, морав да се нашалам со него. Му реков дека личи на девојче, но и дека сум горда што мојот внук е толку згоден и убав. Го затекнував и претходно со други девојки, но таа вечер ми реќе дека Јелена е онаа вистинската и дека мора  поради тоа да биде убав и дотеран. Ми призна дека ќе ја запроси…
И навистина Мллош замина кај неговата Јелена.
– Родителите на Јелена биле на море и таа одлучила таа вечер да ја помине со Милош и со уште неколку другари. Што точно се случувало и како дошло до тоа мојот  единец да настрада, се уште нас не ни е јасно, вели бабата на Милош.
Таа раскажува дека децата се дружеле до доцните часови. Еден од другарите на Милош бил уморен и го замолил да му го даде својот автомобил за да се врати дома. Милош му ги дал клучевите.
– Слушнавме дека Милош и Аца, таа ноќ кај Јелена се договориле за кумство. Меѓутоа никој не знае како воопшто дошло до тоа Милош и Аца да седнат во другиот автомобил и да настрадаат на магистралата, Нада низ солзи ја завршува приказната. Лута сум на мојот Милош, бабино око плаво. Пред да тргне во град ми рече – „Бабо чекај ме, брзо ќе дојдам“. И еве дочекав на баба

Пронајдете не на следниве мрежи: