ПОТРЕСНО: Тато, тато убив тројца!

Тато, тато убив тројца!- Ја држеше главата со раце и повторуваше дека убил тројца луѓе. Имаше повреди по целото тело, но како да не беше свесен за болката, туку само се нишаше и повторуваше дека убил луѓе – вака ја почнува својата исповед за „Блиц“, татко на возачот Деспот,  кој со „ауди“ налета на „голф“, во кој загинаа Милица Лежимирац, Владица Матовиќ и Александар Мариќ. Таткото го пронашол синот во Ургентниот центар.
– Ми беше зелено светло на семафорот и во последен момент здогледав нешто црни и тогаш почувствував силен удар – рекол Деспот на татко му, признавајќи му дека мислел дека вози со 100 километри на час, како и дека таа вечер пиел.
Таткото додал дека Деспот во саботата бил во Ириг кај дедо му, каде што започнала тепачка, во која еден негов пријател, инаку сопственик на „аудито“, бил тешко повреден. Повредениот го возела Итна помош за Нови Сад, а Деспот седнал во неговиот автомобил и тргнал по нив. Меѓутоа, по симнувањето од Мостот на слобода, се случила трагедијата која на сите им го изменила животот.

 
– Најстрашно од се е што тие деца загинаа, а нашиот син треба да одговара. Немаме зборови да ја изразиме тагата и сочувството- вели мајката Светлана, напоменувајќи дека таа и сопругот секојдневно мислат на семејствата на починатите.
Семејството Враниќ го погодиле информациите и претпоставките дека Деспот е размазен татин син, кој дивее по улиците со скап автомобил
-Живееме од она што мојата сопруга ќе го заработи во фризерскиот салон. Имаме еден автомобил стар 15 години, станот го отплаќаме на кредит. „Ауди“ не би можеле да си дозволиме. Просечно семејство сме кое составува карј со крај – вели Небојша Враниќ
Многумина по несреќата измислувале дека таткото е сопстевник на бензински пумпи, дека има градежна фирма, како и дека ја држи полицијата во раце. Вистината е дека неодамна ја изгубил работата на бензинска пумпа.- Ја држеше главата со раце и повторуваше дека убил тројца луѓе. Имаше повреди по целото тело, но како да не беше свесен за болката, туку само се н

Пронајдете не на следниве мрежи: