Возрасна жена од поплавеното село Синѓелиќ не можела да се помири со страшната судбина и не сакала да ја напушти куќата и покрај молбите од нејзината ќерка и пожарникарите.На видеото се гледа како пожарникари се обидуваат да ја убедат жената да го напушти домот, но таа упорно одбива. Може да се забележи дека собата е преполна со вода.
– Мораш да излезеш, не можеш да спиеш во вода – се слуша како и вели еден од пожарникарите.
– Јас од тука не излегувам. Ве молам, немојте да ми ја влошувате здравствената состојба. Ако можете, помогнете, ако не, ајде пријатно – вели жената, која лежи во кревет.
Таа не ги слушала ни молбите на својата ќерка да стане и да излезе од куќата.
– Јас не ја напуштам куќата. Да ја оставам куќата празна? – се слуша како вели жената.
Видеото, според тоа што го пишува на Фејсбук, е снимено ноќта во саботата.
На видеото се гледа како пожарникари се обидуваат да ја убедат жената да го напушти домот, но таа упорно одбива. Може да се забележи дека собата е