Потрошил лото добивка од 11,5 милиони евра, сега работи во фабрика за бисквити

Мајкл Керол (30), британски ѓубреџија во 2002 година, на негови 19 години на лотарија освоил главна добивка од 10 милиони фунти (11,5 милиони евра), но во меѓувреме успеал се да потроши на луксуз и разни претерувања, па поради тоа  сега мора да работи во фабрика за бисквити за неделна плата од само 204 фунти (околу 250 евра) која во Британија важи за многу ниска плата.
Што е најинтересно, Керол тврди дека сега откако се преселил во Шкотска и поврторно се вработил е многу по среќен отколку додека бил милионер.
Милионската добивка на Керол, не му донела ништо добро во животот, напротив, тој овие пари ги трошел на брзи автомобили, многу дрога и алкохол. Два пати бил во затвор поради вознемирување на соседите и поседување на кокаин, додека неговата сопруга Сандра се преселила во Шкотска со нивната десет годишна ќерка.
Конечно во 2010 година Керол банкротирал и во еден момент останал „без денар во џеб“, па бил принуден да спие во шума. Но, тие денови за Керол веќе се минато. Тој се преселил во Шкотска, за да може редовно да ја гледа својата ќерка и веќе две години не пие алкохол и не зема дрога, има чесна работа во фабрика за бисквити и двособен општински стан.
– Пакувам бисквити и колачи за 204 фунти, и многу сум задоволен. Таа плата ја ценам многу повеќе од богатството  кое го добив на лотаријата. Имам се што ми треба, и за мене ова е нов почеток, – изјавил на ТВ документарецот кој е снимен за него.
Керол вели дека и понатака игра лотарија но,  доколку повторно освои награда тој тврди дека најголем дел од неа ќе го даде за ххуманитарни цели, а со остатокот од парите би отпатувал во Австралија, би купил недвижнини и би живеел од нивното изнајмување. Сепак на крајот низ смеа додава:
– Да не се лажеме, би направил и по некоја журка.Мајкл Керол (30), британски ѓубреџија во 2002 година, на негови 19 години на лотарија освоил главна добивка од 10 мили

Пронајдете не на следниве мрежи: