Мразот што се наталожува на ѕидовите на фрижидерите придонесува за зголемување на потрошувачката на електрична енергија, тврди бугарската компанија „Енерго-Про“.Според компанијата, еден сантиментар мраз наталожен на ѕидовите на ладилникот ја зголемува неговата потрошувачка на струја за дури 75 проценти.
Поради ова, „Енерго-Про“ препорачува редовно чистење на мразот од фрижидерот, како и негово поставување подалеку од шпоретот или печката.
– Со секое зголемување на околната температура за еден степен над 20 степени Целзиусови, потрошувачката на електрична енергија на ладилникот се зголемува за шест отсто, додава компанијата, нагласувајќи дека на фрижидерите отпаѓа 12 проценти од вкупната потрошувачка на струја во едно просечно семејство. Според компанијата, еден сантиментар мраз наталожен на ѕидовите на ладилникот ја зголемува неговата потрошувачка на струја за дури 75 проценти.&nbs