„Граѓански и независни“ протести, борба за „вистина“, „слобода“, „еднаквост“ и „просперитет“ на државата – под чадорчето на Милчин навистина се кријат зборови и пароли кои се пријатни за сечие уво. Но, зад слаткоречивите маски стојат големи измамници.На 15.03.2016 година, сведочевме на еден исторски настан од аспект што народот се бранеше од подмолниот обид за рушење на уставниот поредок на Република Македонија.
Наизглед, граѓанското движење „Ајде!“ организираше собир што се најавуваше како независно излегување на улиците за да се протестира пред Уставен суд и неговата зависност од главната политичка гарнитура во земјава.
Секако, брзо се откри дека зад овие „невладини“ протести стојат партиските челници на СДСМ кои очигледно имаа премногу слободно време, па одлучија да ги поддржат протестите пред Уставен суд.
Беззаконието, неморалот и предавството вчера направија уште еден обид да ја дестабилизираат државата, но народот јасно стави до знаење дека таквите сценарија нема лесно да поминат!
Техничкиот министер Спасовски беше вистински пример како еден министер НЕ ТРЕБА да се однесува, кој, наместо да се обидува да ја регулира состојбата на јужната граница со мигрантите, се смешка додека се прават обиди за уривање на уставниот поредок.
ФОТО: Спасовски тргна да го руши Уставен суд!
Во земја, која важи за една од малкуте останати во светот во кои моралните вредности се примарни, синоќа сведочевме луѓе со сомнително потекло да држат говори и да повикуваат на уривање на власта. Играјќи според нотите на СОРОС и Америка, синоќа сведочевме на моќноста која секој ден расте сѐ повеќе кај ЛГБТ заедницата зад која стои СДСМ.
Правото на глас никому не беше скратено и секој имаше што да каже. Со превод или без, правото на протест беше искажано и протоколите испочитувани.
ЛГБТ како организатор на протестите!
Но, секоја узурпација и обид за рушење има последици! Тоа е другата страна. Другата страна луѓе на кои веќе им е смачено да гледаат како поради изманипулираност некои луѓе се подготвени да ја доведат земјата во состојба на распад само за да се остварат нечии цели.
Јасно е познато во светот дека зад параванот и „чадорите“ на американските невладини организации се крие цела машинерија која одлучува како ТРЕБА да се прекрои некое општество според теркот на Америка. Челичната тупаница зад која се крие Милчин – предводникот на протестите и тоа како работи со полна пареа за да го истера своето.
Фондацијата на Џорџ Сорос НЕПОЖЕЛНА во Русија!
Под параванот дека се протестира за доброто на Македонија, денес би било одлично да се потсетиме на случајот „Драматург“.
„Владимир Милчин бил соработник со тајните служби“ – констатираше Комисијата за верификација на фактите.
Воедно, тој е професор на Факултетот за драмски уметности и директор на невладината организација „Отворено општество“ финансирана од Сорос.
На народот му е потребно добро освестување и потсетување какви луѓе се обидуваат да го срушат уставниот поредок и работата на институциите во Македонија.
ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ ДАЛИ НАВИСТИНА СЕ БОРИ ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА ИЛИ ПАК СТАНУВА ЗБОР ЗА ДОБРО РЕЖИРАНО СЦЕНАРИО!
На 15.03.2016 година, сведочевме на еден исторски настан од аспект што народот се бранеше од подмолниот обид за рушење на уставниот поредок на Репу