Актуелниот министер без ресор тогашниот заменик-министер за труд и социјала Самка Ибраимовски во 2006 година беше обвинет за неовластено пакување и продавање бугарска сол во амбалажа и со етикета на познатата фабрика за сол од Тузла. – Викендов се вратив од Скопје. Утврдивме дека во некои мувлосани магацини во Тетово, кои неовластено ги поседува фирмата “Униус ИС”, се пакува бугарска сол во наша амбалажа. Веднаш зедовме мостри и во нашите лаборатории утврдивме дека таа не е произведена во Тузла и дека станува збор за сол увезена од Бугарија. Исто така, лесно можеме да докажеме дека не станува збор ниту за наша амбалажа, зашто од пред три години и амбалажата е заштитена со посебни суви жигови – изјави тогаш за “Дневник” Мирсад Налиќ, комерцијален директор на Фабриката за сол од Тузла. Тој најави дека се уште ја утврдуваат висината на штетата што и била причинета на неговата фабрика, но појасни дека обесштетувањето нема да биде пониско од еден милион евра. Лажната тузланска сол се продавала и на Косово и во Србија. – Без оглед што сопственикот на “Униус ИС” е заменик-министер за труд, ние нема лесно да се откажеме од обесштетувањето – вели Налиќ.Тврдењата на Налиќ ги потврди и присилното извршување на судска одлука за дел од имотот на Ибраимовски. – Пронајдовме илјадници пакети полни со празна амбалажа за сол со тузлански етикети. Пронајдени се и неколку полни кутии, кои полицијата веднаш ги заплени и ги прати на анализа – вели Сашо Мазневски, директорот на “Интермаркет”, со чиј имот управуваше фирмата на Ибраимовски.
Заменик-министерот Самка Ибраимовски ги демантираше тврдењата на Мазневски. – Ние легално произведуваме амбалажа за Фабриката за сол од Тузла, но никогаш не сме пакувале сол под лажно име – тврди тој. Заменик-министерот има оправдување и за иселувањето. Тој смета дека иселувањето на неговата фирма од просториите на “Интермаркет” било нелегално, иако е потврдено со пресуда на Врховниот суд.
Извор: Дневник.мк- Викендов се вратив од Скопје. Утврдивме дека во некои мувлосани магацини во Тетово, кои неовластено ги поседува фирмата “Униус ИС”, се пакува буг