Деструктивниот однос на Катица Jанева кон институциите на државата продолжи со незаконско дивеење на Јанева и СЈО во Централен регистар. Судот денеска потврди дека Јанева постапува надвор од закон и прави политчки театар.Основен суд Скопје 1 – Скопје денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од незаконско следење на комуникации (СЈО) од судија на претходна постапка побарало да се издаде наредба за одземање документација од Централниот регистар на РМ и оти наредба за претрес не е побарана.
Според информациите кои беа објавени утрово, специјалната јавна обвинителка го излажала судот дека нема одговор од институцијата во законскиот рок и побарала претрес, се јавувала по медиуми и дефилирала полиција во празна институција надвор од работно време кога немало никој таму.
Катица Јанева излажала дека имало анонимен повик и дека наводно се ништеле документи. Прашањето кое се поставува е како може да се ништат кога централниот регистар е компјутеризиран и досега не се чуло ни видело да се упаѓа во државна институција на ваков начин
-Издадената наредба за одземање документација која е побарана од страна на СЈО во овој случај како и во повеќе предмети претходно покажува дека Основен суд Скопје 1 – Скопје соработува и има позитивен пристап кон работата на СЈО во извршувањето на нивната законска надлежност и овластувања наспроти јавно пласираните информации дека ова Обвинителство се соочува со најголем отпор токму со овој суд како што и тие самите наведуваат во нивниот извештај, се вели во соопштението.
Во однос на прашањата каква е постапката во случај ако од Судот се побара наредба за претрес, Основен суд Скопје 1 соопштува дека „тоа е дел од мерки за обезбедување лица и предмети од Законот за кривично правоодносно од чл.181 до чл.192, каде согласно чл.186 по поднесено барање за издавање наредба за претрес, судијата одлучува веднаш, најдоцна 12 часа од приемот на барањето“. Претресот, појаснува Судот, се извршува под посебни правила утврдени со закон, а во време утврдено во чл.190 од ЗКП.
Очевидци говорат за хистеричен и крајно невообичаен и агресивен однос на обвинителите, во ситуација кога немало никого, ниту пак некој очекувал.
Институцијата одговорила на време, односно поставила согласно закон прашања до СЈО, а Јанева го излажала судот дека нема одговор, што претставува сторено кривично дело, но исто така и уште еден доказ за нејзиниот однос кон државата и институциите. Централниот регистар нема никаква можност да сокрие било што, а дури и да имало основ за претрес досега невиден преседан е упад во институција навечер кога нема никој.
СЈО вели дека добиле дојава дека некој уништувал документи, а кога дошле на местото немало жив човек, што претставува уште една лага на специјалното обвинителство. Експертите велат дека вакви испади и неурамнотежени чекори не се паметат ниту од времето на комунизмот и дека Јанева покажува голем недостаток на професионален капацитет и интегритет.
Од Основниот суд Скопје 1 – Скопје соопштуваат дека нема да ја коментираат вчерашната акција на СЈО и, како што наведуваат, „нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО“.
– Судот во секој случај ќе ги почитува Уставот и законите на Република Македонија во секое негово постапување согласно неговата надлежност, наведува во соопштението Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Експертите се чудат и се прашуваат до кај ќе оди ова веќе јасно нејзино самоволие и очигледно политичко партиско делување без никакви правни аргументи и спротивно на закон.
Вака се однесува и нејзиниот налогодавач Заев кого постојат низа примери на деструкција, агресија и непочитување на институции. Катица Јанева и Зоран Заев се причината и последицата на кризата во државава и не е за џабе толку низок нивниот рејтинг односно огромната недовербата кон нив.Основен суд Скопје 1 – Скопје денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и што произлег