Потврдена е поврзаноста помеѓу витаминот Д и деменцијата

Недостатокот на витамин Д, се` почесто се поврзува со деменцијата. Додека истражувањата за причините и ефектите и понатаму се спроведуваат, научниците тврдат дека превенцијата на деменцијата би го подобрила квалитетот на животот, но и би спасила милиони луѓе.Нова студија ја потврди врската помеѓу недостатокот на витамин Д и развојот на деменцијата, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест. Истражувањата укажуваат дека постои двојно поголем ризик да се развие деменција кај старите лица кои се соочуваат со сериозен недостаток на витамин Д.
Фактор „Д“
Студијата беше објавена во почетокот на август, во научното списание „Неврологија“ и има опфатено 1.600 лица од САД, кои се постари од 65 години. Земените примероци на крв не покажувале никакви знаци на деменција во почетокот од студијата. Во текот на наредните шест години, кај 10% од испитаниците се развила деменција. За време на истражувањето биле споредувани примероците на крвта кои биле земени од здравите лица, со оние испитаници кои имале помали недостатоци на витамин Д, како и испитаниците со голем недостаток на витамин Д.
Студијата покажала дека кај постарите лица со помал недостаток на витамин Д постојат 50% повеќе можности за развој на деменција, додека тој процент кај лицата со изразен недостаток на витамин Д изнесува 120%. Истражувањето ги опфатило сите видови на деменција, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест, утврдувајќи дека не постои разлика во односот помеѓу витаминот Д и различните категории на деменција.

Кога ќе ја загубите сопствената личност
Деменцијата вклучува низа симптоми, од проблеми со меморијата, преку отежнато разбирање и говор. Водечкиот истражувач на Центарот за истражување на Алцхајмеровата болест во Велика Британија, Сајмон Ридли, ја опишува деменцијата како „прилично грозна работа“ за која третманите се ограничени, додека прогресивната природа на болеста им ја „краде“ личноста на пациентите.
Некои облици на деменција настануваат како резултат од повреда или мозочен удар, при што доаѓа до изумирање на мозочното ткиво.
„Пушењето, дебелеењето и недостатокот на физички активности се познати фактори за ризик за развој на деменцијата. Учењето е исто така еден од поважните фактори. Имено, ако личноста за време на младоста добива големо количество на стимулација на невроните, мозокот подобро се развива и таа станува поотпорна на деменција“, вели Ланг.
Витаминот Д може да се добие преку исхраната, се наоѓа во месото на мрсните риби, но и се создава низ апсорбирањето на сончевата светлина. „Како што стареат луѓето, така нивното тело се` помалку е во можност да врши синтеза на сончевата светлина во витамин Д“, додава Ланг.

Причината за деменцијата се` уште не е пронајдена
Јан Ланг вели дека нареден чекор ќе биде испитувањето на ефектот на суплементот на витаминот Д, со цел за можна превенција или одложување на почетокот за создавање на деменција.
„Доколку успееме да запреме дури и мал дел од развојот на болеста, тоа ќе значи голем напредок за здравјето и животите на луѓето“, вели Ланг.
Организацијата „Алцхајмер Европа“, во 2009 година процени дека деменцијата ги чини земјите членки на ЕУ 160 милијарди евра на годишно ниво.
Со зголемувањето на бројот на членките, но и со трендот на стареењето на популацијата на европскиот континент, се очекува бројот на случаи на деменција да се дуплира до 2050 година.
„Истовремено имаме и студии кои укажуваат на тоа дека во индустријализираните земји опаѓа бројот на случаи на заболени од деменција. Тоа е така и поради делот со подобра контрола над болестите кои ги предизвикува тутунот или високиот крвен притисок. Но, се` поголемиот број на луѓе со зголемена телесна тежина може да го уназади тој напредок“, заклучува Ланг.Нова студија ја потврди врската помеѓу недостатокот на витамин Д и развојот на деменцијата, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест. Истражувањата у

Пронајдете не на следниве мрежи: