Потврдени се 104 жртви, не се уште не се пронајдени скоро 200 тела од несреќата со јужнокорејскиот траект

Бројот на жртви од несреќата со траектот во Јужна Кореја денеска порасна на 104, додека тимовите за нуркање се наоѓаат под се` поголем притисок да ги пронајдат останатите тела од скоро 200 луѓе, кои се водат како исчезнати.Подобрените временски услови и мирното море им помагаат при потрагата, но видливоста под водата е и понатаму слаба, па нуркачите мораат на слепо да се пробиваат низ ходниците и кабините од траектот.
Ова е една од најголемите катастрофи која и се случила на Јужна Кореја. Се` уште не се пронајдени телата на скоро 200 од вкупно 476 луѓе (воглавно средношколци), кои се наоѓаа на траектот Севол, кој е тежок 6.285 тони.
Според официјалните податоци од крајбрежната стража, потврдено е дека загинале 104 луѓе, додека 198 се водат како исчезнати.
Од вкупно 476 патници и членови на посадата, 339 биле средношколци и професори кои оделе на излет. Само 174 луѓе се спасени, а се претпоставува дека останатите се удавиле.Подобрените временски услови и мирното море им помагаат при потрагата, но видливоста под водата е и понатаму слаба, па нуркачите мораат на слепо да

Пронајдете не на следниве мрежи: