ПОТВРДЕНО: Пасошите на Фокус се печателе во „Фабриката за афери“ на СДСМ

Најмалку една од фалсификуваните патни исправи кои се гледаат на снимката од фабрикуваната афера на весникот Фокус поврзано со наводно фалсификување на пасоши е пронајдена во компјутерот на Чауш, се дознава од извори во истрагата. Изворите велат дека истрагата веќе нема дилеми и 100% е сигурна дека зад фабрикуваната афера со патните исправи која ја објави новинарот Љубиша Арсиќ за весникот Фокус стои групата на Чаушот.

Во компјутерите во фабриката за афери на СДСМ биле пронајдени и податоци од личните карти кои ги објави Фокус и тоа преку истиот новинар Љубиша Арсиќ, пишува Прес24. Истрагата се уште утврдува дали и тој е вмешан во скандалот со фабриката за афери на СДСМ. Доколку се најдат докази за тоа, не се исклучува можноста и тој да одговара кривично.
 
Според извори во истрагата најголем дел од подготовките на пасоши за фалсификување се турски патни исправи. Иако има подготовки за фалсификати и од други земји, сепак доминираат турските. Токму овој податок според истрагата е многу важен и треба детално да се анализира.
Имено, турските пасоши не значат многу во Европа, особено ако се патува кон западот.  Но, ситуацијата е сосема различно доколку се оди кон Блискиот исток.
Најскандалозно во целиот случај е тоа што во компјутерот на Чаушот се пронајдени 70.000 прислушувани телефонски , за што потврда стигна и од Основното обвинителство. Тие биле сместени во посебен фолдер со наслов „Заев СДСМ“. Лидерот на опозицијата никогаш не демантираше дека тој му ги дал снимките на Чауш. Уште поскандалозно е тоа што Чауш со тие снимки веќе почнал да тргува со криминални структури не само од земјава туку и од регионот. Медиумите веќе објавија дека во неговиот компјутер истрагата открила комуникација со лица од Косово кои биле заинтересирани да ги купат снимките. Уште позагрижувачки е податокот дека фабриката за афери на СДСМ располагала со личните податоци на 120.000 граѓани и дека може кога сака да ги злоупотребува.
СДСМ уште од стартот на аферата молчи за овој случај. Зоран Заев и Оливер Спасовски кои се посочуваат како луѓе за кои постои сериозен сомнеж дека директно ја раководеле фабриката за афери не одговараат на новинарските прашања на Press24. Пред неколку дена Заев и побегна од новинарските прашања, па не можевме да го добиеме одговорот на прашањето, дали ја организирал Фабриката за афери на СДСМ, за што комуницирал со осомничените и дали планирал преку наместени афери да ја води кампањата на СДСМ за изборите во април.Изворите велат дека истрагата веќе нема дилеми и 100% е сигурна дека зад фабрикуваната афера со патните исправи која ја објави новинарот Љубиша Арс

Пронајдете не на следниве мрежи: