Извршниот одбор на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го одобри новото натпреварување под името „УЕФА Лига на нациите“ кое ќе стартува од 2018 година.Натпреварите од „Лигата на нациите„ ќе се играат од септември до ноември 2018 година, додека квалификациите за Европското првенство 2020 ќе почнат во март 2019 и ќе траат до ноември истата година.
Баражите за пласман на ЕУРО 2020, наместо во ноември 2019, ќе се играат во март 2020 година. „Лигата на нации“ ќе има четири дивизии, а секоја од нив ќе биде поделена во четири групи од по три или четири репрезентации.
Вкупно 54 земји ќе бидат поделени по дивизии врз основа на досегашните резултати. Во А дивизијата ќе играат најдобрите, а во Д најслабите репрезентации.
Победниците во секоја дивизија ќе одат во повисока дивизија, а последно пласираните ќе испаѓаат во понизок ранг.
Вкупниот победник на УЕФА „Лигата на нации“ ќе биде одреден на „фајнл фор“ турнир во јуни 2019 година.Натпреварите од „Лигата на нациите„ ќе се играат од септември до ноември 2018 година, додека квалификациите за Европското првенство 202