Потврдено: Заев лажел колку незаконски прислушувани разговори предал на СЈО

Каде се 500 000 приватни незаконски прислушувани разговори за кои Заев тврдеше дека ги предал на СЈО? Во целата ситуација зачудувачки е индиферентниот однос на СЈО кон ова прашање иако се знае дека токму основната функција на ова обвинителство е да работи на расчистување на скандалот со незаконското следење на комуникациите.После денешната прес конференција веќе нема никакви дилеми дека Заев уште еднаш ја излажа целокупната јавност околу бројот на незаконски следени приватни разговори кои наводно ги предал во СЈО.
Во интервју за ТВ Сител лидерот на СДСМ изјави дека предал над еден милион разговори, а денеска од СЈО потврдија дека од лидерот на СДСМ примиле само околу половина од овие разговори.
-Од наша страна направена е една статистичка анализа: ние имаме примено 540 646 аудио записи кај нас. Да земе просек дека еден аудио запис 90 секунди или минута и пол, нашите анализи покажуваат дека за 220 работни дена, 11 обвинители доколку 3 часа слушаат од материјалите ќе им требаат ќе им требаат повеќе од година ипол за само да ги преслушаат материјалите, рече денеска на пред конференција специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска.
Со оваа изјава на Ристоска, легитимно се наметнува дилемата зошто Заев ја крие другата половина и дали СЈО ќе продолжи да стои настрана/ Дали во оваа половина од разговорите што ги имал Заев се кријат разговори кои може да фрлат сомнеж врз раководството на СДСМ и од таа причина СЈО не презема мерки да ги обезбеди истите, што повторно укажува на пристрасност во однесувањето. Самата Ристоска не сакаше да говори премногу за материјалите бидејќи биле преобемни и им требало време за да ги анализираат.
Ваквиот исказ повторно е контрадикторен и зачудувачки , бидејќи јавноста памети дека токму Катица Јанева незаконски избрка две обвинителки со паушално образложение дека според обемот на работа немале потреба од нив.
Советот на јавни обвинителки во февруари годинава на седница одлучил дека специјалната обвинителка Катица Јанева „незаконски, неетички и непрофесионално“ ги избркала двете обвинителки од Специјалното обвинителство, без никаква претходна најава.
-Без да спроведе постапка и без да се донесе решение ги отстранила од работните места на еден брутален начин. Биле исфрлени од нивната канцеларија, а за тоа на помош повикала некој од судските полицајци, кој интервенирал при иселувањето на двете обвинителки. Советот заклучи дека тврдењето на Јанева содржано во нејзиното писмено обраќање дека тие сами побарале да заминат – не е точно, објасни тогаш Аневски.После денешната прес конференција веќе нема никакви дилеми дека Заев уште еднаш ја излажа целокупната јавност околу бројот на незаконски следени пр

Пронајдете не на следниве мрежи: