Поучна приказна: Кога мудроста ќе ја собере во минута читање

Според зборовите на ретките писатели кои го споменувале- Аристофан, Платон, Ксенофон и Аристотел, Езоп бил роб некому кој се викал Ксантос. Според зборовите на историчарите Херосот Езоп бил убиен од страна на жителите на Делф, а причината најверојатно била неговото слободоумие, така што го турнале од висока карпа во Делф. Ова е една од легендите за неговиот живот…Езоп, велат, бил роб и  морал да работи се што ќе му  наредел господарот. Еден ден  му  заповедал да оди на пазар да купи за ручек само она што е најдобро и ништо друго.
 Езоп отишол на пазар и купил јазици, кои секој ден ги подготвувал за ручек  на различен начин. На гостите наскоро им здодеале јазиците, па му го кажале тоа а тој им одговорил
„Нема ништо подобро од јазик. Јазикот е извор на мудроста, тој е глас на вистината и разумот, со него луѓето се поучуваат“, истакнал Езоп.
„Е, добро тогаш, за утрешната гозба купи  го она најлошото“, му рекол господарот.
Утредента Езоп повторно за ручек направил јазик. Кога повторно му приговориле тој им возвратил:
„Јазикот навистина е она најлошото на овој свет. Со јазикот започнуваат расправиите, поради јазикот луѓето се судат и тужат, јазикот е причина  за војни. Јазикот е гласот на вистината и разумот, но исто така е и глас на заблудата и најголемото зло- клеветата!“, заклучил Езоп.Езоп, велат, бил роб и  морал да работи се што ќе му  наредел господарот. Еден ден  му  заповедал да оди на пазар да купи за ру

Пронајдете не на следниве мрежи: