Тој беше храбар човек, со јак глас и одлучни чекори. Таа беше нежна и чувствителна. Се зедоа. Тој се трудеше на неа ништо да не и фали, а таа ја пазеше куќата и ги одгледуваше децата. Децата пораснаа, се омажија и оженија, тргнаа по свој животен пат…вообичаена приказна. Кога сите деца беа добро згрижени, жената ја фати некоја тага, се повеќе слабееше и пропаѓаше. Kога веќе и не се хранеше, падна во постела. Нејзиниот маж беше загрижен и ја однесе во болница. Околу неа се трудеа лекари и специјалисти, но можеа да ја најдат причината за болеста. На крајот еден од лекарите го викна мажот и му рече: „Јас би рекол…дека вашата сопруга…едноставно веќе нема волја за живот.„
Човекот ништо не одговори. Седна покрај креветот и ја фати жената за рака…нејзината рака се изгуби во неговата голема дланка. Ја погледна и со длабок одлучен глас рече: „Ти нема да умреш!„„Зошто мислиш така?„ – го запраша таа со тивок глас.„Затоа што многу те сакам, и си ми потребна!„„А зошто тоа до сега не си ми го рекол?„Од тој ден на жената и е се подобро. Лекарите се прашуваа од која болест боледувала и со какви лекови се излечила. Никогаш не дознаа… Немој никогаш да чекаш утре да му кажеш на некого дека го љубиш.Речи му го тоа веднаш. Земи го телефонот и кажи: „Јас сум, сакам само да ти кажам дека те сакам!„Дали вие некогаш би се умориле слушајќи ја љубената личност како ви кажува дека ве љуби?Децата пораснаа, се омажија и оженија, тргнаа по свој животен пат…вообичаена приказна. Кога сите деца беа добро згрижени, жената
Пронајдете не на следниве мрежи:



