Повеќе нема пушење ни на терасите

Од пред неколку денови речиси во сите угостителски објекти се забранува пушење и на терасите каде што до скоро беше дозволено пушењето. Според информациите засилени активности на инспекторите на терен се причина угостителските објекти деновиве да бидат посериозни и повнимателни при спроведување на законот за пушење. А, главната причина е селективност и непочитување на законот кај дел од угостителските објекти.Законот превидува глоба од 2000 до 4500 евра за правното лице кое го прекршува законот и казна од 500 до 1000 евра за одговорното лице во правното лице.
Според информациите засилените контроли на терен имаат за цел целосно и рамномерно спроведување на законот без исклучоци. Извори од државниот пазарен инспекторат коментираат дека нема ништо ново, туку само посериозен пристап на спроведување на законот кој што е јасен и прецизен.
Граѓаните се изненадени од новите рестрикции кои се воведени во угостителските објекти.
Угостителите се поделени. Едните велат дека со ова се намалува прометот и дека пушачите носат сериозни приходи, а други велат дека вистинско време е да се стави ред на пазарот и законот да важи за сите.
Убаво е да знаеш дека си рамноправен со другите и дека тоа што е обврска за тебе важи и за конкуренцијата. Тешко е да се функционира, но тоа важи за сите – вели сопственик на познат скопски угостителски објект.
Законот за пушење стапи на сила во октомври 2010 година. На самиот старт наиде на низа реакции и спротивставен ставови, но со мали измени и корекции истиот важи и се спроведува до денес, но само во скопскиот регион. Во останатите градови, а особено на западот од Македонија, законот како да не ни постои. Во Тетово и Гостивар се пуши буквално во секој угостителски објект, како законот за забрана воопшто никогаш да не бил донесен. Таму, инспектори нема ни за лек.Законот превидува глоба од 2000 до 4500 евра за правното лице кое го прекршува законот и казна од 500 до 1000 евра за одговорното лице во правното

Пронајдете не на следниве мрежи: