недела, 15 ноември 2026
Најново

Повеќе од 2.000 учесници ќе се вклучат во пролетното искачување на Водно „Прв до врв“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќе од две илјади пријавени учесници денеска ќе се вклучат во пролетното искачување на Водно, во рамки на натпреварот „Прв до врв“.Стартот е пред училиштето „Кочо Рацин“, од каде учесниците ќе се упатат кон врвот на Водно, а таму во 11 часот ќе се одржи забава со диџеј Милан Бибановски.
За сите учесници кои ќе пристигнат на целта на врвот на Водно, компанијата АрселорМитал обезбеди вода и овошје за освежување, а најбрзите 300 ќе бидат наградени со книги за здрав начин на живот и здрава исхрана.
Еко-партнерот „Пакомак“ ќе подели едукативни еколошки речници и ќе се погрижи за хигиената и зачувувањето на природната околина на Водно.
Во настанот традиционално учествуваат планинари, велосипедисти, спортисти и рекреативци. 
Ова е трето месечно издание на „Прв до врв“, по оние кои се одржаа за Бадник во јануари и за свети Трифун во февруари. Месечните настани „Прв до врв“ немаат натпреварувачки карактер и се организираат со цел да се поттикнат што повеќе граѓани да учествуваат во заеднички и масовен тренинг, како и рекреација во искачување на Водно.
Главниот настан „Прв до врв 2015“ со организирани натпревари во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам, е закажан за 24 мај.Стартот е пред училиштето „Кочо Рацин“, од каде учесниците ќе се упатат кон врвот на Водно, а таму во 11 часот ќе се одржи забава со ди

Поврзани вести