Повеќе од 287 жртви во немирите во Египет

Вчеравечер при жестоките судири и немири во Египет беа убиени најмалку 287 лица.Приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси реагираа гневно на крвавото растурање на нивните протестни кампови од страна на силите за безбедност. 
Исламистичкото движење Муслиманско братство на својот сајт соопшти дека биле одржани протести во вториот по големина град во Египет, Александрија и во уште две северни провинции. 
Египетските медиуми јавуваат дека илјадници приврзаници на Морси се собрале пред џамијата во источниот дел на Каиро.
Според високи претставници на силите за безбедност, пак, ситуацијата во Египет е мирна, благодарение на воведување на вонредната состојба.Најмалку 278 лица се убиени, а две илјади се ранети во насилството во Египет вчера, соопшти Министерството за здравство.
Најголем дел од жртвите се цивили, а повеќето од нив загинале во операциите на силите за безбедност за растурање на протестните кампови на приврзаниците на Морси. 
Шеесет и едно лице е убиено покрај џамијата Раба ал Адавија, каде се наоѓаше главниот камп на поддржувачите на Морси во Каиро. Дваесет и едно лице загина на плоштадот „Ал Нахда“, каде беше отворен другиот камп на приврзаниците на Морси. 
Четириесет и едно лице, меѓу кои шестмина полицајци се убиени при растурањето на кампови на приврзаници на Морси во провинцијата Мина, на околу 200 километри јужно од главниот град Каиро, изјавија претставници на Министерството за здравство. 
Во Египет вчера загинаа вкупно 43 полицајци, од кои 18 офицери, изјави министерот за внатрешни работи Мохамед Ибрахим. 
Времените власти во Египет застанаа во одбрана на своите операции за раструрање на камповите на приврзаниците на Морси и ветија дека ќе ја нормализираат ситуацијата во земјата. 
Ибрахим даде уверување дека нема да дозволи натамошно одржување на т.н. седечки протести против соборувањето од власт на Морси. 
Тој вети дека ќе го обнови нивото на безбедност од времето на претседателот Хосни Мубарак, кој беше принуден да се повлече во февруари 2011 година, под притисок на масовните протести. 
Ибрахим изјави дека 21 полициска станица била цел на напад во последните насилства во Египет и додаде дека во операциите против приврзаниците на Морси полицајците биле подложени на напади со автоматско оружје. 
Ибрахим ги демантираше тврдењата на претставници на силите за безбедност, дека се уапсени двајца од лидерите на Муслиманското братство, Есам ел Ериан и Мохамед ел Белтаги. 
Времениот претседател на Египет Хазем ел Беблави изјави дека полицијата и армијата пројавиле исклучителна воздржаност, но оти биле соочени со ситуација, која не можеле да ја толерираат.
– Анархијата се ширеше и беа напаѓани болници и полициски станици, нагласи тој. 
Беблави вети дека ќе продолжи преодниот процес, кој треба да доведе до одржување на парламентарни и претседателски избори во Египет на почетокот на следната година.
Извор:kurir.mkПриврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси реагираа гневно на крвавото растурање на нивните проте

Пронајдете не на следниве мрежи: