Повеќето го имаат овој проблем: Еве како можете да го излечите во ДОМАШНИ УСЛОВИ!

Враснатиот нок е хронично заболување кај кое поради различни причини доаѓа до враснување на едниот, или двата странични раба на ноктената плоча во кожата и мекото ткиво.Постојат различни методи на конзервативно и хируршко лекување на оваа болест, но во раните фази, пред настанувањето на компликациите – лекувањето на враснатите нокти може да се спроведе и во домашни услови.
За лекувањето да биде успешно, логично е дека треба да се обезбеди правилен раст на ноктите, кој нема да го ириртира околното ткиво на прстот. За да се постигне тој ефект, потребна е следната процедура:
1. Направете топла купка за стапалата за да ги омекнете ноктите и ткивото. Можете да додадете и сода бикарбона (2-3 супени лажици сода бикарбона на 5 литри вода, со додаток на сол, или купка со хиперманган – калиум перманганат). Температурата на водата не смее да биде повисока од 37 степени. Држете ги нозете во водата околу 15-20 минути.
2. Потоа, обидете се да го одвоите работ од враснатиот нокт. За да ја олесните оваа болна процедура, земете парче фластер и од едната страна залепете го добро на страната на прстот покрај враснатиот нокт, повлечете го настрана и зафиксирајте го на внатрешната површина од палецот. Со овој трик, работ на болниот нокт ќе стане пристапен.

3. Поткренете го крајот на ноктот со помош на помало стапче или пробајте да втиснете парче вата или газа помеѓу ноктот и мекото ткиво. Најдобро би било парчето вата или газа претходно да го потопите во јод, антибактериско средство или мелем.
4. И одозгора ставете газа третирана со исто средство за дезинфекција, па потоа превиткајте го прстот со завој.
5. Повторете ја истата процедура по 24 часа. Направете замена на ватата, газата и завојот.
6. Повторувајте ја оваа процедура 12-14 дена.
Ноктот постепено ќе почне да се крева над мекото ткиво и полека ќе излезе од него.

Ако во првите денови не успеете да ставите парче вата под ноктот, ставете ја од страната со враснатиот нокт и обилно мачкајте со антибактериско средство за омекнување – алое или со смеса од мед и кромид (помешајте 1 супена лажица мед со средно изрендана главичка кромид). Навечер се става смесата на прстот и се завиткува, а наутро се мие и се прават обиди за кревање на ноктот.
Важно е да се омекне мекото ткиво и секојдневно да се менува ватата (помеѓу ткивото и ноктот). Ноктот ќе расте само во висина. По постигнувањето на ефектот, истурпијајте ги острите рабови од ноктот.
Не заборавајте во иднина да практикувате правилен педикир.

*Не се дозволува самолекување на враснат нокт во домашни услови, а посебно не ставањето на стапалата во топла вода ако постојат знаци на гнојно воспаление на мекото ткиво. Во овој случај, се препорачува да побарате лекарска помош.Постојат различни методи на конзервативно и хируршко лекување на оваа болест, но во раните фази, пред настанувањето на компликациите – лекува

Пронајдете не на следниве мрежи: