Филип Петровски пред Државна Изборна Комисија говореше пред голема група на граѓани незадоволни од состојбите по изборите. Во еден момент според нашите информации била прекината и седницата на ДИК, поради надворешниот притисок.
Откако во својот синоќешен говор пред ДИК директорот на Државниот архив д-р Филип Петровски му порача на еден од амбасадорите во Македонија дека не ни треба нов Таксим и Киев да се тргне и да не не провоцира, денес соросовите портали наводно од дипломатски извори „дознаваат“ дека тоа е причината за денешната средба на амбасадорот Бејли со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Очигледно реториката на Петровски, кој меѓу другото порача и дека трпението на народот е при крај, не му се допаднала на амбасадорот па видно возбуден и нервозен поитал да реагира кај Груевски, да го „смири“ Петровски и членството.
Прашањето кое само по себе се поставува е зошто амбасадорот бил видно нервозен и во кој дел од обраќањето на Филип Петровски се препознал?
Неформално дознаваме дека побарал гаранции дека радикалните членови ќе останат смирени и на страна од случувањата, на што му било одговорено дека доколку не се почитува волјата на граѓаните лесно може работите да излезат од контрола.
Пронајдете не на следниве мрежи: