Навредите кон сопствениот народ стана пракса на голем дел поддржувачи на опозицијата и на соросоидите. Повик за линчување, тешки навреди, закани – тоа е пракса и на уредникот на „Слободен печат“ и „Плусинфо“, Бранко Героски.Во последната колумна насловена „Нема бегање, одиме на протест“ пишува:
-МОРА да протестира – чудовишната одлуката на режимот да се брани со своите партиски фаланги, со луѓето од општините и од јавните претпријатија изнесени од трлата како овци на паша, со провокаторите и насилниците во првите редови, кои ќе сторат се оваа вечер да заврши со конфликт…
…Денеска хунтата бара крв на скопските улици. И токму затоа, токму вечерва не смее да има повлекување. Ги повикувам сите демонстранти да ги избегнуваат провокациите и да сочуваат студена глава, но никој да не се двоуми – нашето место вечерва е на барикадите. Протестот на опозицијата мора да се одржи. Без непристојни компромиси. Без страв и калкулации.
Ако вечерва се повлечеме, веќе нема да имаме морално право да кажеме дека правдата и вистината се на наша страна.
Веќе е познато дека Героски говори со јазикот на СДСМ. Навредите и омаловажувањата се често дел од речникот на опозиционерите, па така и на уредникот на Плусинфо и Слободен печат.
Ова е само уште една од низата на навредите кон сопствениот народ од соросовите експоненти кои отворено ја поддржуваат политиката на СДСМ.
„Тоа сме ние. Не народ, туку збирштина од политички лешеви. Кои треба да воскреснат вгодина во април, баш пред Велигден. Абе да видам, не верувам!“ напиша Героски во една своја колумна.
Тој во една прилика им се обрати на симпатизерите, членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите, „торлаци“, „кретеноиди“ и „психопати“, покажувајќи дека кулминира некултурата во опозициските редови.
За Героски, народот или е ненормален или корумпиран. За него корумпирани се и обичните граѓани.
„Тие што го поддржуваат Груевски, или се ненормални или се корумпирани. Проблемот е што корумпирани има многу – цели партии, раководства, институции, обични граѓани“, напиша Героски во една своја колумна.
Јавноста не ги заборава ниту срамните навреди на Героски кога ги нарече будали сите што скокаат по Светиот крст за Водици. Новинарот близок до Заев и Шекеринска напиша дека „ако види на Водици возбудени сдсмовци и опозиционери од сите бои, како радосно кликаат додека будали скокаат во вода по крстовите што ги фрлаат поповите, ако види такво глупирање, ќе се чувствува многу, многу лошо“!Во последната колумна насловена „Нема бегање, одиме на протест“ пишува:
-МОРА да протестира – чудовишната одлукат