Не беше одамна. Година и нешто ситно. Ангела Меркел, моќната канцеларка на уште помоќната Германија, се качи на бината и воскликна: МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ Е МРТОВ!!!
Европа беше изненадена од оваа пируета на смирената Германка, се прашувавме: Зошто? Како? Кога умре? Знаејќи дека Германија со децении назад гради мултикултурно општество со значително турско малцинство кое според бројот ги надминува капацитетите на терминот кој за него се користи. Тогаш, од бегалска криза немаше ни Б. Беше бизнис без јужуал во бајковитата ЕУ. Денес многу добро гледаме дека изјавата воопшто не била наменета за добро интегрираните Турци, денес играта се разоткрива. Картите се отворени.
Не е тајна. Германија е рбетот на Европа. На силна независна Европа од иднината. Пословично вредниот народ, економската благосостојба и раст роди надеж кај германците дека 60 години по нацистичката трагедија што ја потресе планетата, можеби е време Швабите да засукаат ракави. Овој пат за општо, Европско добро.
И на површината од нештата, изгледаше дека сите се ОК со таков развој на настаните. Но, САД не беше воодушевена. Особено по намигнувањата меѓу Меркел и Путин за кои сум уверен дека не беа љубовна епизода туку строго економски мотивирани. На парната локомотива на Европа ѝ требаше евтиниот руски гас за да фучи по шините и големиот Руски пазар за крвта да струи по вените на оваа во принцип Франкештајновска творба со многу петна закопани по подрумите на некогаш независните држави членки. Тогаш, САД реши да се вмеша и брутално да ја прекине оваа симпатија. Реално, империјата не можеше да дозволи некој да се билда и бега од нејзината града, додека таа ги мери мускулите на блискиот исток со „освежената“ Русија на чело со Путин.
Грузија, Украина и Сирија беа три последователни шамари кои ги доби САД на светската сцена. Некое време Американците се трудеа да прикажат дека тие самите дозволиле да работите се одвиваат на теренот како што се одвиваат, но по некое време работата стана толку очигледна што бараше итно и директно да се вклучат на терен пуштајќи ги низ вода сопствените играчи на кои им требаше предолго да воспостават „демократија“ на терен и да го тргнат од мапата Асад кој се чини мудро за сопствената кожа се договорил со Русите од поодамна.
И во тоа мерење на мускули, некој реши зад грбот на Империјата да ја јакне Европа и да ја прави колку е можно понезависна од американското влијание. Тоа не смееше да помине зошто САД веќе имаа доволно проблеми со Путин, напредокот кон исток беше трајно запрен со Крим и Сирија а за Грузија веќе никој и не зборува. Точно проценувајќи дека Кина им е далеку од дофат, а и неволна да се впушта во воени авантури кога пола светска економија и е на дланка, САД решија да замижат на другарството во развој меѓу Русија и Кина и да го остават тоа прашање отворено за некое идно време. Беше време да се зачисти во сопствениот backyard.
Германија беше подготвена за отстрел. Но, требаше да се најде начин како трајноили барем на подолг период, да се оштети капацитетот на Европа за самостојно делување и работење исклучиво за сопствен интерес без потреба да за се се праша големиот брат преку барата. И посегнаа по она што им беше при рака, најочигледно. Преплавување на Европа со субверзивна жива сила. План кој ние го дознавме неодамна но Меркел секако го имала на маса некое време.
Рецепт испробан и ефективен, веќе виден токму во нашата земја во 1999та, со косовската криза. Имено конфликт кој за двете инволвирани страни има веќе проектиран исход а бегалците се инфилтрираат во таргет земјата и чекаат намиг. Намигот дојде за нас 2001 година. Од Империјата.
Истите оние кои неполни 2 години пред тоа ги жалевме, примивме и спасивме се свртеа против земјата која ги прими, несебично помогнати од домашните вечни незадоволници. Сите знаеме како тоа излезе. За жал, ние бевме експериментот, генералната проба за системот на дестабилизација кој сега ни се одвиве пред наши очи. Овој пат, за нас се подготвува конфликт кој ќе ескалира и ќе ги преточи програмираните радикални елементи на територијата на ЕУ ( каде што треба ) и истите ќе чекаат намиг да прават нов Париз, нов Мадрид, нов Шарли Ебдо…
Да се потсетиме, први им текна на Французите, вековните непријатели на Германците, а сега содружници во проектот ЕУ, да се осамостојат од САД. Па ако се сеќавате пред 67 години имаше и тивка економска војна помеѓу САД и Франција со бојкот на производи, бојкот на Мекдоналдс, Кока кола, силење на двете страни.
Беа доволни 34 терористички акции на тло на Франција за да им помине таа лоша идеја од главата. Французите легнаа на брашно и ќе ја чекаат својата шанса во некое идно време. Тука доаѓа изјавата на Меркел за мултикултурализмот. Готов е, нема иднина. Во превод, имаме ограничен капацитет за прием на негерманци особено муслимани. И потоа почнаа и да работат на „случајот“. Слушнавме дека излегле снимки од разговори на Меркел, (познато а?) финансиски и сексуални аферички по кабинети и сѐ одеднаш стивна. Како да не било.
Меркел ја голтна кнедлата и гордо извика, Бегалци Добредојдовте!
И додека таа се понадева дека ќе помине со мал укор и 100 до 200.000 „сириски“ социјални случаи, некои ЕУ држави почнаа да градат огради. На почеток исмевани, покажувани со прст како нехумани, недемократи и слично, левичарски етикети, кога стана сериозно (најавата за 5.000.000 пролетен контингент) и други држави почнаа да го следат нивниот пример. Ова не беше ништо друго туку исцртување на рутата кон срцето на Германија.
Изблиците на солидарност и алтруизам брзо згаснаа, а алтруистите почнаа да манипулираат со смешни цифри од 5000, 2500, 11.000 бегалци кои можат да ги „вдомат“. Иако доцна, Германија рече HALT.
Доцна поради фактот што стампедото веќе беше тргнато, Империјата го испука куршумот. Е тука, во овој дел на приказната влегува Македонија. Бегалците нема да стигнат ни близу до Германија. Се обложувам и дека нема да ја поминат ни Србија. Но, знам еден Евро-алтруист (под евро мислам на валутата) кој со две раце ќе потпише бегалскиот камп да биде токму на наша територија. Европа ќе мисли дека се спасила од наездата, а всушност во Македонија, на наше тло ќе се обучуваат и подготвуваат радикални ќелии кои лесно, во групи од 5 до 10 души ќе ја поминуваат секоја граница за да дојдат до финалната дестинација каде што ќе оперираат – непослушните ЕУ членки кои сакаат да се самостојни во одлучувањето.
Тој филм, за жал, нема да го гледаат во блиска иднина. Во Македонија, за жал, ќе останат социјалните случаи, немоќните, децата, жените и пацифистите. Ќе треба да се згрижат, нахранат, сместат – да живеат. Погодете кој нема да нѝ помогне парично? Секако умни глави со совети за тениски игралишта и бесплатен вифи ќе има и премногу. И ќе нѝ враќаат часовници, ќе нѝ постираат мачки по социјални мрежи – додека ние тонеме. За кликата околу Заев не се грижете. За нив ќе има сѐ. Тие се сигурни. Тие нѐ донесоа до оваа линија, наше е само да не реагираме.
Ќе направат последен напор и ќе нѐ турнат преку линијата. Една година наназад брижно подготвувана за порозност, во бурето беше дупчена дупка до дупка. Онака по Пржински. За да може да протече во посакуваното време. Домашните „дупчачи“ на нашата сигурност ги гледаме секој ден.
Вчера, додека 2000 бегалци правеа генералка за пролетната инвазија, наш министер за внатрешни стоеше пред судот, со двете раце симболично вкрстени врз половиот орган и мечта дека набрзо ќе биде штраф во империјалниот сон. Жртвите не го засегаат, тој нема да ги даде. Нема да даде жртва ниту неговиот шеф. Неговото семејтво ќе дојде од после, кога ќе згасне врелата жар од огнот кој тој го подготвува. Чадорот ќе го спаси.
Запрашајте се вие драги мои, ВИЕ Имате ли Чадор?
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичар
Европа беше изненадена од