Повлечени банкнотите со вредност од 500 евра

Аналитичарот на „Банк оф Америка” Атанасиос Вамвакидис предлага Европската централна банка(ЕЦБ) да ги повлече од оптек банкнотите со вредност од 500 евра, кои ги нарекуваат „Бин Ладен”, оти сите знаат дека постојат, но многумина никогаш не ги виделе, пишува „Волстрит журнал”.

Според Вамвакидис, ваквото решение ќе придонесе за зголемување на извозот и вработеноста. Покрај тоа, со повлекувањето на банкнотата со највисока вредност, ЕЦБ ќе може полесно да ги открие сопствениците на валкан капитал, кои по правило го одржуваат статусот преку банкноти од 500 евра.
Според податоци на британската агенција за борба со криминалот, 90% од сите банкноти со номинал од 500 евра се наоѓаат во рацете на организираниот криминал.
Макфакс
Аналитичарот на „Банк оф Америка” Атанасиос Вамвакидис предлага Европската централна бан

Пронајдете не на следниве мрежи: