Повредени 10 лица вчера во 15 сообраќајки

Во текот на вчерашниот ден во Скопје и околината полицијата извршила увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица, а четири незгоди се со последица материјална штета.Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца велосипедисти.
СВР – Скопје за МИА информира дека од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Меѓу санкционираните се 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, седум возачи поминале на црвено светло на семафор, 10 возачи не го почитувале правилото за престигнување и пет возачи почетници сториле прекршоци по разни основи.
Затекнати се и 55 непрописно паркирани возила, а санкционирани се и шест пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.
Со помош на специјалното возило сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден отстрани 81 возило.
Во сабота ќе се одржат две велосипедски трки. Првата ќе се одржи со почеток во 11:00 часот „Трофеј на град Скопје“ во организација на Велосипедска федерација на Македонија. Истата ќе се одржи околу тврдината Кале по ул. „Самоилова“ и ул. „Лазар Личеноски“.
Втората ревијална велосипедска трка „Вози право – Вози здраво“ во организација на Стопанска Банка АД Скопје ќе се одржи во сабота со почеток во 17:00 часот. Место на собирање и старт на трката ќе биде на ул. „Јуриј Гагарин“, во продолжение учесниците ќе се движат прво по ул. „Франклин Рузвелт“, десно по бул. „Илинден“ се до влезот на Градски парк (споменикот на Гоце Делчев).
Во недела со почеток во 15:30 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ во рамки на Првата фудбалска лига ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу Вардар и Работнички.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на овие настани од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и физичка регулација, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца велосипедисти.
СВР – С

Пронајдете не на следниве мрежи: