Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на 13 сообраќајни несреќи, од кои осум се со материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист, а со телесни повреди еден возач на мопед.
Санкционирани се 10 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи за време на управување на возилото го користеле мобилниот телефон, како и четворица возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.
Затекнати се шест нерегистрирани возила, четири лица без возачка дозвола, 15 непрописно паркирани возила и пет возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 38 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР – Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Весели цветови“, објект „Сончоглед“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори“ во рамки на второто Квалификациско коло на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Динамо Загреб, од Република Хрватска. Од причина што се очекува зголемен интензитет на сообраќајот ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно започнувајќи од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта III“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.
Во периодот по 19 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и интензитет на сообраќајот ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“. Поради ова, од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист, а со телесни повреди еде