Поврзаноста помеѓу брзата храна и депресијата конечно е ПОТВРДЕНА

Една нова студија на ист начин како и нејзините претходнци покажува дека јадењето на брза храна е поврзано со зголемувањето на ризикот од депресија. Оваа студија беше објавена во списанието Public Health Nutrition.Според една неодамнешна студија спроведена од страна на научниците на Универзитетот во Лас Палмас де Гран Canaria и на Универзитетот на Гранада , јадењето на  комерцијална печена храна ( торти, кроасани , крофни , итн .) и брза храна ( хамбургери, хот гог,  пица ) е исто така поврзана со развојот на  депресија.
Истражувањето објавено во списанието Public Health Nutrition, покажува резултати од кои може да се види  дека шансите на корисниците на брза храна , во споредба со оние кои јадат малку или воопшто не јадат , се 51 % поголеми да развијат депресија.
Студијата покажала дека оние кои јадат повеќе брза храна и печени храна, најверојатно, ќе бидат самци, помалку активни и имаат лошите навики во исхраната. Тие јадат помалку овошје , ореви, риба, зеленчук и маслиново масло. Пушењето и работа на повеќе од 45 часа неделно, се другите преовладливи карактеристики на оваа група.
„Дури и јадењет на мала количина на брза храна поврзано е со значајно зголемени шанси за развој на депресија“ истакнува универзитетскиот истражувач Čanarj Islands.

 
Примерокот кој бил испитуван во овој проект се состоел од 8964 учесници на кои никогаш не им била дијагностицирана депресија и не земале никакви антидепресиви. Набљудувани во рок од 6 месеци кај 493 учесници било дијагностицирано депресија и почнале да земаат антидепресиви.
Се доаѓа до заклучок дека иако за ова се потребни повеќе истражувања и студии, сепак треба да се внимава при консумирањето на ваквата храна поради импликациите на здравјето (дебелеење кардиоваскуларни болести )и менталната благосостојба.
Депресијата погодува 121.000.000 луѓе ширум светот. Оваа бројка се чини дека е главна причина за глобалната попреченост во адаптација на живот. Уште повеќе, во земјите со низок и среден приход е водечка причина за депресија.
Сепак, малку се знае за улогата на исхраната во развојот на депресивните растројства. Претходните студии укажуваат на тоа дека одредени хранливи материи имаат превентивна улога.
Тоа се витамин Б, омега- 3 масни киселини и маслиново масло. Исто така, здравата исхрана која се користи во Медитеранот е поврзана со помал ризик од развој на депресија .Според една неодамнешна студија спроведена од страна на научниците на Универзитетот во Лас Палмас де Гран Canaria и на Универзитетот на Гранада , ј

Пронајдете не на следниве мрежи: