Повторно активен и надвор од контрола пожарот кај манастирот Трескавец

Повторно активен и надвор од контрола е пожарот во прилепско кај манастирот Трескавец. Локалната власт е максимално инволвирана во гаснењето на пожарот. Покрај противпожарните едници на град Прилеп во гаснењето на пожарот учествуваат и голем борј на доброволци. Владата и Центарот за управување со кризи се уште немаат испратено помош за гаснење на пожарот.Манастирот Трескавец е изграден во 13. век и претставува непроценливо културно наследство за Македонија. Ова непроценливо културно наследство во овие моменти е под закана на пламените јазици, а централната власт се уште нема испратено помош за гаснење на пожарот.
ВМРО-ДПМНЕ апелираше до Владата на СДСМ да преземе сериозни чекори за справување со пожарите. Владата на Заев формираше Кризен штаб за пожарите само откако почина едно лице како нивна последица. Токму поради овие причини пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Пратеникот Зоран Илиоски пред два ден изјави ,,Како резултат на несериозноста, неодговорноста и на некомпетентноста на министерот Љупчо Николовски, Република Македонија речиси еден месец е во пламен. На целата територија на Република Македонија се случуваат отворени пожари, односно опожарување на огромни површини високостеблеста формирана шума, со непроценливи последици од трајна загуба и деградирање на шумскиот појас, сериозни еколошки последици врз животната средина, уништување на приватната и на јавната сопственост и доведување во животна опасност на жителите на опожарените региони и населени места’’.Манастирот Трескавец е изграден во 13. век и претставува непроценливо културно наследство за Македонија. Ова непроценливо културно наследство во ов

Пронајдете не на следниве мрежи: