Американскиот Апелациски суд за деветтиот округ го потврди блокирањето на Трамповата забрана за влез на државјаните на неколку претежно муслимански земји.
Одлуката е последната во низата удари врз обидите на американскиот претседател да забрани патувања во САД од седум држави од Блискиот Исток и северна Африка.
Трамп од почетокот на мандатот се обиде да воведе две забрани за патувања, но судиите низ целата земја брзо му се спротивставија.
Судот на деветтиот округ му се придружи на апелацискиот суд за четвртиот округ, кој минатиот месец исто така се реши да ја блокира Трамповата забрана, тврдејќи дека таа е „премногу мотивирана од верска нетолеранција и дискриминација“.
Судиите на деветтиот округ во соопштението напишаа: „Американските претседатели имаат широки уставни овластувања околу прашањата за безбедноста на границите, но емиграцијата не е претстава за еден човек, па дури ни за претседателот.
Заклучуваме дека претседателот ги пречекорил овластувањата одредени од Конгресот“, се вели во изјавата на судот, кој побара и од Врховниот суд да се спротивстави на Трамповата забрана.Одлуката е последната во низата удари врз обидите на американскиот претседател да забрани патувања во САД од седум држави од Блискиот Исток и север