Судењето за двајцата демонстранти, Никоја Аризановски и Филип Наковски, е повторно одложено бидејќи Државното правобранителство сѐ уште не прецизирало колку чини сумата на штета која двајцата демонстранти треба да ја платат.Двајцата обвинети изразиле подготвеност за признавање на вината и сега треба да биде прецизирана штетата од демолираната Народна канцеларија на Претседателот која изнесува околу 880 илјади денари или 15.000 евра.
Судењето е одложено за петок во 12:00 часот.
Двајцата демонстранти сѐ уште се наоѓаат во 30 дневен куќен притвор за извршено кривично дело, односно за учествување во демолирање за време на протестите против одлуката за аболиција која ја донесе Претседателот, Ѓорге Иванов.Двајцата обвинети изразиле подготвеност за признавање на вината и сега треба да биде прецизирана штетата од демолираната Народна канцеларија н