недела, 29 ноември 2026
Најново

Пожар во Делчево!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во пожар кој беснееше синоќа во населбата Први реон во Делчево до темел изгоре помошен објект за чување стока. Од СВР Штип информираат дека пожарот е пријавен во 20 часот, а бил зафатен објект за чување стока на месноста Плоскави скали во Делчево. – Увидот на надлежните се уште трае, така што подоцна ќе се знае за причините кои го предизвикале, а засега е пријавена само материјална штета, рече Гордана Панајотова, ПР на СВР Штип.
Според информацијата од Јонче Атанасовски, командир на ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат во 23 часот.
– Се работеше за објект со многу горливи материјали. Ние во гаснењето на пожарот учествувавме со шест пожарникари и три специјални противпожарни возила. Не дозволивме пожарот да се прошири, а успеавме да ги спасиме животните кои се чуваа во објектот, истакна Атанасовски.
Тој додаде дека ТППЕ во Делчево оваа година имала 40 интервенции од кои околу 70 проценти се интервенции на отворен простор, при пожари на стрништа, меѓи и шума, додека во помал број се интервенциите на запалени оџаци, помошни простории и куќи.- Увидот на надлежните се уште трае, така што подоцна ќе се знае за причините кои го предизвикале, а засега е пријавена само материјална штета, реч

Поврзани вести