Во голем пожар вечерва изгоре фабрика за производство на брикети за огрев во Кавадараци. Повредени нема, пренесе МИА.Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, направена е голема материјална штета која дополнително ќе се утврдува, како и причината за пожарот.
Богевски соопшти дека веднаш интервенирале во гаснење на пожарот со две противпожарни возила и петмина пожарникари.
– На помош ни дојдоа и со по едно возило и со по двајца пожарникари, колегите од кавадаречките компании „Фени индустри” и „Кожувчанка”, како и колегите од територијалната противпожарна единица од Неготино. Два часа го гасневме пожарот, сега сме при крај со неговата локализација, изјави Богевски.Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, направена е голема материјална штета која дополнително ќе се