Попладнево избувна пожар кај месноста Ормане во Пехчево, покрај регионалниот пат Делчево-Пехчево, кој поради сувата трева и силниот ветар се заканува да уништи големи површини борова шума.Според информацијата на директорот на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Пехчево, Борче Бојчевски, пожарот е пријавен околу 16:30 часот, а на теренот за гаснење се ангажирани сите вработени во Подружницата и ТППЕ од Берово.
– Ситуацијата е опасна, бидејќи се е суво, а дува силен ветар кој предизвикува пожарот да се шири со голема брзина. Во моментов сме ги ангажирале сите човечки ресурси од нашето претпријатие, како и од ТППЕ од Берово, за да се обидеме да го локализираме и да спречиме кататстрофа од поголеми размери, рече Бојчевски.
Димитар Букушовски, командир од ТППЕ Берово потенцираше дека противпожарни екипи се на терен и дека се уште не може да се каже со сигурност за колкава површина се работи.
– Ние правиме натчовечки напори, за да го пресретнеме пожарот, но ситуацијата е опасна и во овој момент не можеме да кажеме колкава површина е зафатена, но факт е дека гори борова шума и дека пожарот се шири доста брзо. Според првичните информации пожарот започнал од асфалтниот пат при што се проширил во шумата, истакна Букушовски.Според информацијата на директорот на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Пехчево, Борче Бојчевски, пожарот е пријавен околу 16:30