среда, 25 ноември 2026
Најново

Пожарите во Црна Гора ставени под контрола

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сите пожари во Црна Гора се ставени под контрола, иако и натаму тлее пожарот кај Забрѓа и Мркова, кај Херцег Нови.Од Службата за заштита и спасување на Херцег Нови е соопштено дека нивните пожарникари голема помош добиле од канадерите од Хрватска, што, како што тврдат, биле поефикасни од противпожарните летала од Украина.
Активен е и пожарот на Видов врв, што зафатил непристапен терен, но не им се заканува на објектите.
„Во општините Тиват и Херцег Нови активни се пожарите на Коњевичи. На локациите каде претходните денови беа активни пожари се уште има активности, но ситуацијата е значително подобрена и е под контрола“, соопшти Директоратот за вонредни ситуации, пренесе РТЦГ.
Во текот на претходниот ден покрај воздухопловите од Украина, Швајцарија и Бугарија, во гасењето на пожарите беа вклучени и канадери од Хрватска, што делуваа во пограничниот појас меѓу Црна Гора и Хрватска.
Вчера попладне на тиватскиот аеродром слетаа уште два израелска авиона од типот„Ер Трактор“ што имаат капацитет на носивост од 3.000 кубици  вода и веќе денеска тие ќе бидат ставени во оперативна употреба, наведе Директоратот.Од Службата за заштита и спасување на Херцег Нови е соопштено дека нивните пожарникари голема помош добиле од канадерите од Хрватска, што, како што

Поврзани вести