Пожарите, кои избувнаа во северниот дел на американската држава Калифорнија, уништија голем број винарии и десетици плантажи на марихуана.Најмалку 31 плантажа на марихуана е целосно уништена, на многу други им е нанесена одредена штета, а се очекува нивниот број да се зголеми кога властите ќе им дозволат на фармерите да се вратат на своите имоти.
Во времето на избувнување на пожарот, одгледувачите на марихуана се подготвуваа да започнат важна жетва, бидејќи во Калифорнија, од јануари ќе биде дозволена продажба на марихуана за рекреативни цели.
За разлика од винариите, одгледувачите на марихуана немаат можност да ги осигураат своите посеви, бидејќи билката се уште е на листата на забранети супстанции според федералниот закон на САД.
Се очекува нанесената штета да нема поголемо влијание врз пазарот за марихуана во Калифорнија, бидејќи илјадници одгледувачи не претрпеле штета. Најмалку 31 плантажа на марихуана е целосно уништена, на многу други им е нанесена одредена штета, а се очекува нивниот број да се зголеми ко