Според информацијата од Противпожарната единица во Велес во изминатите денови во реонот на велешко избувнале неколку пожари во кои изгореле десетици хектари ниско стеблеста дабова шума во реонот на Богомила и уште неколку велешки села.Воедно во реонот на селата Раштани, Белештевица и Слп изгореле и два –три хектари со неожнеано жито. Вакви пожари имало и во близина на село Иванковци.
Љупчо Лепидовски Командир на ППЕ, апелира до земјоделците да не ги палат стрништата, а до граѓаните да не ја палат нискостеблестата шума бидејќи потоа последиците и по останатата шума и животната средина можат да бидат со огромни.
-За жал во најголем дел причинител на пожарите е факторот човек свесно или несвесно, но има и такви кои собираат печурки по шумите и кои ја палат ниско стеблестата шума за на тоа место да никнат печурки. Тие сметаат дека ќе заврне дожд, но, тој често знае да изостане, а пожарот брзо се шири и може да биде голема опасност и по околната шума и да ја уништи како што беше случај во изминатите лета. Затоа апелираме до нив и нивната совест да не ја палатниско стеблестата шума, потенцира Лепидовски.
Воедно информира дека и годинава со земјоделците имаат едукативни предавања за да не ги палат стрмништата со што ја уништуваат животната средина. Такви предавања веќе се одржани со земјоделците од велешкото село Иванковци коиј е најголем производител на жито. Тој потсетува и дека казните за палење стрмништа се високи.
Лепидовски информира дека и годинава имаат добра соработка со ЈП МЖ со кои од мај па во текот на целото лето покрај пругата сообраќа возот – со две цистерни вода.
– Ние веќе три пати го полниме возот – цистерна и тој сообраќа покрај пругата и истура вода кога е многу топло, а возовите фрлаат искри кои лесно можат да ја запалат тревата ,а потоа да се прошири и на околната шума. Воедно имаме и заеднички противпожарни екипи во случај на пожар со вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ и ЈКП „Дервен“ и соработката на тој план е одлична, потенцира Лепидовски.Воедно во реонот на селата Раштани, Белештевица и Слп изгореле и два –три хектари со неожнеано жито. Вакви пожари имало и во близина на село