Пожарот стигна до во селото Требовље, жителите се евакуираат

Надлежните институции потфрлија пред граѓаните останувајќи со денови глуви на апелите и повиците да се помогне во гаснењето на пожарот кој 10 дена беснее кај селото Требовље во близина на Македонски Брод. Најновите информации од терен говорат дека пожарот ги зафатил куќите во селото, а жителите се евакуираат. Потврда дека населението се евакуира добивме и од ЦУК.Граѓаните се разочарани и гневни и велат дека залудно сега институциите се обидуваат да помогнат, кога останале глуви на нивните апели за помош пред десетина дена кога пожарот не беше толку раширен и можеше да се стави под контрола, а жителите сами се обидуваа да го изгаснат.
Во повеќедневните пожари кои го зафатија овој дел изгореа илјадници хектари борова шума. Владата на Зоран Заев со 26 министри веќе со денови не презема буквално ништо околу гасењето на пожарите, иако Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде директор е Агрон Буџаку има 320 вработени.
Дел од медиумите изминативе денови апелираа дека пожарот во атарот на селото Требовље се заканува да го пеплоса селото. За состојбата алармираа и мештаните, но очигледно никој од владата на Заев не ги сфаќаше сериозно нивните алармирања за состојбата со пожарите.
По ваквата состојба со свој коментар на социјалните мрежи се огласи и водителот Ване Маркоски кој деновиве постојано апелираше надлежните институции да им помогнат на жителите.
Граѓаните се разочарани и гневни и велат дека залудно сега институциите се обидуваат да помогнат, кога останале глуви на нивните апели за помош пре

Пронајдете не на следниве мрежи: