Калифорниската полиција во средата навечер ги демантираше шпекулациите дека намерно го предизвикала пожарот во колибата во која се претпоставува дека загинал Кристофер Дорнер, поранешниот полицаец кој во својот одмазнички поход е осомничен за смртта на четири лица.Ден по овој несекојдневен крај на шестдневната потера во Калифорнија по Кристофер Дорнер, кој покрај полициска имал и воена обука, полициските сили од оваа американска сојузна држава се затрупани од прашања на медиумите, особено за околностите во кој избувнал пожарот во планинската куќичка во која според последните информации на полицијата се забарикадирал бегалецот, во близина на скијачкиот центар Биг Бер, два часа возење од Лос Анџелес.Јагленосано тело е пронајдено во остатоците од колибата уништена во пожарот, а со обдукцијата и анализи на ДНК ќе се утврдува дали тоа навистина му припаѓа на Кристофер Дорнер, за што инаку полицијата која ја завршила истрагата не се сомнева. Покрај тоа беше соопштено дека покрај телото бил пронајден паричник во кој имало возачка дозвола на име на Дорнер.„Можам да кажам дека тоа не беше намерно, не ја запаливме со намера колибата за да го натераме Дорнер да излезе“, изјави шерифот на округот Сан Бернардино, Џон Мекмахон.Мекмахон, сепак, потврдил дека полицајците уфрлиле во куќичката чадни бомби и солзавец, откако осомничениот одбил да се предаде.„Беше како на боиште, нашите луѓе продолжија да напредуваат,,. Во обидот да го неутрализираат осомничениот. Тој и натаму пукаше, но нашите луѓе не се повлекуваа“, додаде МекмахонСé уште не е познато каде Дорнер се сокривал додека полицијата шест дена интензивно трагаше по него во околината на Биг Бер.На полицијата и’ беше поставено и прашањето за некои медиумски информации дека Дорнер се забарикадирал во колибата на неколку чекори од канцеларијата на шерифот, на што не било одговорено.Дорнер уби три лица, меѓу кои се и полицаец, во периодот меѓу 3-ти и 7-ми февруари, а во престрелката од вторникот уби уште еден и рано друг свој поранешен колега.Во вторникот, полицијата од американската сојузна држава Калифорнија почна потера откако Дорнер ограбил приватен дом чии сопственици ги врзал и побегнал со нивниот автомобилот. По бркотницата поранешниот полицаец се забарикадирал во една од туристичките колиби во планините на Сан Бернардино. Следеше престрелка во којашто беа ранети два обласни шерифа, од кои едниот подоцна им подлегна на повредите. Колиба се запалила откако бил фрлен солзавец, за кој се верува дека го предизвикал пожарот, и е сосема уништена. Во внатрешноста било пронајдено засега неидентификуваното тело.Минатата седмица беше објавено дека 33-годишниот Кристофер Дорнер е осомничен за убиство на еден полицаец, како и на уште една жена и нејзиниот вереник. Имајќи предвид дека бил полициски и воено обучуван и претставува голема опасност, локалните власти на 10-ти февруари објавија награда од милион долари за информации кои ќе придонесат за негово откривање и апсење.Осомничениот претходно испрати писмо до полицијата од Лос Анџелес, каде што работел од 2005 до 2008 година. Во писмото се наведува дека Дорнер има намера да се одмазди за неговото разрешување од полицијата поради поткажување на еден негов колега, коешто подоцна се покажало како лажно. Во писмото, исто така, биле наведени имињата на неколку полициски службеници кои Дорнер имал намера да ги ликвидира. Според локалните медиуми, по ова во Калифорнија под полициска заштита биле ставени најмалку 50 семејства на полициски службеници. Тие ќе останат заштитени сé додека експертите не се сигурни дека телото пронајдено во колибата навистина му припаѓа на Дорнер.Поранешниот полицаец од Лос Анџелес, 33-годишниот Кристофер Дорнер објави војна против колегите полицајци и нивните семејства во прогласот што го објави на интернет во кој се жали поради неговото исфрлање од редовите на калифорниската полиција во 2008 година.Потерата по Дорнер беше концентрирана на областа од езерото Биг Бер во планината кај Сан Бернандино, откако минатиот четвртокот во таа област беше пронајден неговиот запален камионет.Поранешниот полицаец Дорнер во својот поход поради губењето на работното место досега уби четири и рани три лица. Неговиот одмазднички поход почна минатиот викенд во гратчето Ирвин кога ја уби 28-годишната Моника Кван и нејзиниот вереник кој работел како обезбедувач на универзитет. Моника Кван била ќерка на пензиониран полицаец од Лос Анџелес кој го застапувал Дорнер во дисциплинската постапка којашто завршила со негово исклучување од полицијата.
МакфаксКалифорниската полиција во средата навечер ги демантираш