Пожарот во Tребовље излегува од контрола, изгорени околу 4000 хектари земја

Се покритична станува состојбата во околните села кај Требовље, бидејќи  пожарот сè уште не е под контрола, вели претседателот на локалната заедница, Златко Петревски.Според него, изгорени се над 4000 хектари земја, но доколку не се изгасне пожарот може да уништи уште поголема површина. Според Петревски, пламенот се шири кон врвот Фојник, каде што се наоѓаат репетиторите на телекомуникациските оператори ВИП и Телеком.
Од Армијата на Република Македонија велат дека испраќаат толку помош колку што им побарале. Иако во Македонски Брод испратиле 60 војници и 4 хеликоптери, претседателот на локалната заедница на Требовље се пожали дека од Управата за заштита и спасување нема ниту еден претставник на терен.
Вчера вечер во пламен беа Матка и Жеден, но властите потврдија дека пожарот на Матка е локализиран, а денеска и на планината Жеден. Горат планините и во општина Студеничани.
Во регионот на Тетово има два активни пожари, додека во планинските села во Пелагонискиот регион има неколку помали пожари кои во моментов се локализираат. Од Скопската пожарникарска бригада потврдија дека е зголемен бројот на пожарите.
Изминатите години, во просек биле регистрирани околу 1100 до 1200 пожари, а до јуни оваа година, имало над 1100 пожари. Повеќето пожари се предизвикани од човечки фактор, а за оние кои ќе бидат фатени како предизвикуаат пожар ќе треба да платат од  1500 до 3000 евра.
 
Според него, изгорени се над 4000 хектари земја, но доколку не се изгасне пожарот може да уништи уште поголема површина. Според Петревски, пламенот

Пронајдете не на следниве мрежи: