Позитивни резултати на Хеленик Петролеум

Силниот оперативен резултат од преработката, снабдувањето и трговијата со нафтени деривати, како главна активност на Групацијата, заедно со зголемениот извоз, доведе прилагодената ЕБИТДА за третиот квартал на 2016 година на Хеленик Петролеум да биде 191 милиони евра и покрај значителниот пад на референтните маржи од преработката, споредено со мината година. Објавената ЕБИТДА за третиот квартал од 2016 година изнесува 190 милиони евра, што е 74% повисоко во споредба со третиот квартал од 2015 година.„Резултатите од третиот квартал на 2016 година на Хеленик Петролеум Групацијата, што ги објавивме денеска ја подобруваат перспективата за 2016 година, создавајќи очекувања и поттикнувајќи уште подобри перформанси. Во однос на резултатите од третиот квартал, остваривме силни оперативнаи перформанси во сите наши активности. Постојаната преработката со зголемен капацитет, на високо ниво ги избалансира ниските референтни маржи, додека одржливата извозна ориентација овозможи целосна расположливост на нашето производство, со акцент на меѓународна продажба. Нашите рафинерии работат со полн капацитет, постигнувајќи рекордно производство во третиот квартал од 2016 година. Силната позиција на компанијата овозможи значајно зголемување на побарувачката за издавање нови обврзници, како и ниска каматна стапка, што доведува до намалување на финансиските трошоци.
Јас би сакал да се заблагодарам на вработените во сите деловни единици за нивната посветеност и тимска работа“, изјави Григорис Стергиулис, Главен извршен директор на Групацијата, за резултатите од третиот квартал од 2016 година.„Резултатите од третиот квартал на 2016 година на Хеленик Петролеум Групацијата, што ги објавивме денеска ја подобруваат перспектив

Пронајдете не на следниве мрежи: