По само пет дена од официјалниот старт на проектот за СМС известување на пациентите за закажаниот термин се покажаа првите резултати. Досега се испратени 13.500 пораки кои ги потсетиле пациентите за закажаниот термин.-Пред воведувањето на овој проект процентот на пациенти кои го запазуваа закажаниот термин беше околу 65. Со воведувањето на СМС известувањето на пациентите за датумот на кој имаат закажано термин, процентот се зголеми на 87% на пациенти кои доаѓаат на закажаните прегледи, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на денешната отворена владина седница.
Тој нагласи дека видливи се позитивните ефекти од овој проект со кој Министерството ќе продолжи и понатаму.
Тодоров додаде дека на овој начин им се дава можност на граѓаните кои нема да можат да стигнат да закажаниот термин од било кои причини, истиот да го откажат со цел да се ослободи место за следен пациент и да се скрати времето на чекање.-Пред воведувањето на овој проект процентот на пациенти кои го запазуваа закажаниот термин беше околу 65. Со воведувањето на СМС известувањето на п