недела, 29 ноември 2026
Најново

Познат актер се струполи на театарската сцена и почина на самото место

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Популарниот актер кој се прослави со улогите во некои од најгледаните ТВ серии, ненадејно почина откако му се слошило во театар.Овисо Одера, бил на проба на претставата „Measure Plus Dido“, кога одеднаш му се слошило и паднал на сцена.
Обидот за реанимација не успеал, па лекарите констатирале смрт кај актерот.
Семејството на 43-годишниот актер не сакаше да ја открива причината за смртта.

Овисо глумеше во популарната серија за вампирите „The Originals“, која се надоврзува на хит серијата „Вампирски дневници“.
Глумеше и во сериите „Dirt“ и „Three Rivers“, а оствари и помали улоги во многу други серии.
Живееше во Санта Моника, а зад себе ја остави сопругата Никол.
Освен на телевевизја, Одера беше активен и во театар, каде глумеше во бројни претстави и мјузикли.

Поврзани вести