Познат е идентитетот на снајперистот кој изврши масакр во Далас!

Полицијата во Далас, го идентификува снајперистот кој го изврши масакрот во кој животот го загубија 5 полицајци, а 12 се тешко повредени.Станува збор за 25-годишното момче Миха Х. Џонсон од Тексас. Тој немал никакво криминално досие, ниту било каква поврзаност со терористички групи.
Според досегашните сознанија, тој дејствувал сам, иако се приведени тројца како осомничени за соработка во извршување на масакрот.
Пет полицајци се убиени, а 12 тешко ранети во маскарот кој вчера вечер се случил во Далас.
Убиецот имал за цел да убие само полицајци кои биле белци, како одмазда за убиствата на афроамериканци од страна на полицијата.
-Тој беше вознемирен по однос на скорешните убиства на афроамериканци од страна на полицијата. Дека е лут на белците. Имаше за цел да убие само белци, особено припадници на полицијата – објаснил шефот на полицијата на Далас, Дејвид Браун.Станува збор за 25-годишното момче Миха Х. Џонсон од Тексас. Тој немал никакво криминално досие, ниту било каква поврзаност со терористички групи.

Пронајдете не на следниве мрежи: