Познати се деталите во врска со масакрот во Велика Иванча.
Мотив за стравичниот масакр во Велика Иванча, каде пред десеттина дена Љубиша Богдановиќ (60) уби 13 лица, можеби е сомнежот дека неговиот син Бранко Богдановиќ (42), всушност не е негов.
Како што дознава „Вести” од извори блиски до истрагата, полицијата дошла до овие информации по сослушувањето на сопругата на Богдановиќ, Јаворка (60), која е единствената која го преживеа масакрот.
-Се зборуваше се' и сешто, но низ разговорите и тоа дека Богдановиќ веќе некое време се сомневал дека неговиот син Бранко всушност не е негов. Кој му го направил овој сомнеж засега не знаеме. Она што знаеме е дека поради тоа со сопругата често имал кавги. Никој со сигурност не може да каже што се случувало во неговата глава, но судејќи по се', овој сомнеж бил се' поголем, велат од полицијата, пренесува „Вести”.
Според сознанијата, истрагата за мотивот за масакрот оди во овој правец.
– Она што досега го откривме е дека овој сомнеж доста долго го мачел Богдановиќ, па веројатно мислејќи дека роднините и соседите одамна знаат дека детето не е негово и дека сите тие години го криеле тоа од него, одлучил да ги убие. Затоа тој прво се обидел да ја убие својата сопруга, потоа ги ликвидирал синот и мајката, а потоа тргнал да ги убива останатите роднини, велат од полицијата за „Вести”.Познати се деталите во врска со масакрот во Велика Иванча.
Мотив за стравичниот м