Сѐ до минатата година, живеевме во пауза од пораст на температурите која природно се јавува и трае 15 години. Тоа го тврди Шон Лавџој, професор по физика од Универзитетот МекГил во ексклузивниот разговор за „Science Recorder“.Меѓутоа, тој тврди дека сега може да се очекуваат нагли порасти на температурите при зголемувањето на количеството на тн. стакленички гасови, кои досега не го имаат покажано својот разорен потенцијал.
„Од 1992 до 1998 година, температурата на глобално ниво растеше со рапидна брзина, а тогаш застана на одредено ниво сѐ до минатата година, кога започна нов период на промени“ – вели тој.
Во меѓувреме, количеството на СО2 и другите стакленички гасови беше во пораст, предупреди тој.
„Последната таква поголема пауза беше помеѓу 1944 и 1976 година, а тоа природно ладење привремено го маскираше страшниот тренд на загревање што допрва нѐ очекува“ – тврди Лавџој во истражувањето што е објавено во магазинот Geophysical Research Letters.Меѓутоа, тој тврди дека сега може да се очекуваат нагли порасти на температурите при зголемувањето на количеството на тн. стакленички гасови, кои д


