Ирскиот фудбалер Педи Мекорт (32) во последен момент се откажал од Европското првенство и тоа поради својата сопруга.Играчот на Лутон Таун одлучил да остане покрај својата сопруга која само ден пред почетокот на првенството оперирала тумор на мозокот.
„Кога нешто такво ќе се случи, размислуваш само на семејството. Фокусиран сум само на Лаура и децата“, изјавил Мекорт.
Фудбалерот минатиот месец дознал дека неговата сопруга има тумор кога одеднаш се онесвестила на аеродром. Веднаш го повикал својот тренер и му објаснил дека сепак нема да може да оди на првенството.
„Ми рече воопшто да не размислувам за тоа“, објаснил фудбалерот како изреагирал неговиот тренер.
„Секако дека би сакал да бидам со нив, ги следам сите натпревари. Но семејството секогаш е на прво место“, заклучил Мекорт.Играчот на Лутон Таун одлучил да остане покрај својата сопруга која само ден пред почетокот на првенството оперирала тумор на мозокот.