Познат фудбалер си ја отвори душата: Татко ми ја уби мојата мајка кога бев мал. Затоа, секогаш кога ќе дадам гол…

Јакуб Блашчиковски, кој е фудбалер на Борусија Дортмунд, вели дека пет дена не можел да стане од креветот по грозоморниот чин. Подоцна, тој се преселил кај неговиот вујко и баба му.Полскиот репрезентативец во својата автобиографија откри дека во детството бил сведок на семејна трагедија, во која неговиот татко Зигмунд ја убил неговата мајка Ана.
Блашчиковски во интервјуто за германските медиуми вели дека пет дена не можел да стане од креветот, а потоа се преселил кај неговата баба и вујко кои живеат на село и кои ја превземале грижата за него. Оваа трагедија се случила во септември 1996-та година.
– Во книгата пишував за сѐ што ми се случило, вклучувајќи го и денот кога имав десет години и кога бев присутен за време на тоа убиство. Тогаш татко ми ја уби мојата мајка. Оваа епизода никогаш не сум ја заборавил и никогаш нема да ја заборавам. Тој ден мојот живот се промени засекогаш. Никогаш нема да сфатам зошто тоа се случи. Секогаш ќе се прашувам: Зошто? Порано за ова не сакав да зборувам, се обидов да заборавам, но не успеав, вели фудбалерот на Борусија Дортмунд.
Тој секогаш кога ќе постигне гол го посветува на својата мајка Ана и верува дека таа го гледа од небото.Полскиот репрезентативец во својата автобиографија откри дека во детството бил сведок на семејна трагедија, во која неговиот татко Зигмунд ја убил

Пронајдете не на следниве мрежи: